Добрата внатрешна организација и вистинскиот тим од ентузијасти е формулата за успех во приказната за семејната компанија ЗиВ Компани.
Водејќи се со мотото Ние постоиме за Вас компанијата успешно датира од далечната 1990 година.
На почетокот главна и приоритетна дејност на компанијата е транспорт.
После успешни 25 години ЗиВ Компани се проширува со нова дејност трговија на големо со млечни производи и притоа станува овластен увозник дистрибутер на реномирани светски производителни компании.
Одржувањето на стандардите за квалитет и почитувањето на барањата за квалитет се императив во нашето работење.
Нашите производни капацитети поседуваат сертификат за имплементирање на систем за управување со квалитет во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 сертификати за квалитет и вкупниот логистички процес се одржува во висококонтролирани услови.

Мисија
Нашата мисија е задоволство и почитување на барањата на клиентите со обезбедување на најквалитетни решенија за нивните потреби.

Визија
Со континуирана иновација и постојано вложување во квалитет и компетентност, станеме препознатлив партнер на регионалниот пазар во обезбедување на услуги и производи.