ZIV COMPANY

"Вкус на планинска свежина"

Кон крајот на 1991 година како семеен бизнис, започнавме со работилница за изработка на кашкавал со дневна преработка од 200 литри млеко.

Порастот на интересот и побарувачката за нашите производи имаше влијание на понатамошниот тек на работата и на 02.08.1999 година од семеен бизнис прераснавме во претприемачка дејност под име Млекара Еко – Млек Каоник.

Понатамошното зголемување на обемот на работата доведе до формирање на друштво Млекара Еко – Млек доо со седиште во  Каоник, кај Крушевац, Србија.

Главната дејност на друштвото е обработка на млеко и производство на сирења.

Млекарата секојдневно откупува и преработува околу 50.000 литри млеко.

Млекарата своите производи ги пласира на домашниот пазар и извезува во Црна Гора и Македонија. Цел ни е проширување и на други странски пазари. Посебен интерес постои за следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во текот на 2009 година отворивме големопродажен центар Ниш кој снабдува угостителски објекти, пекари и малопродажба на сирењата од нашиот производен програм  на подрачјето на Јужна Србија.

Друштвото на 29.12.2012 година изгради и пушти во работа нова млекара со капацитет на преработка од 100.000 литри млеко дневно со цел посигнување енергетски поефикасно производство и зголемување на успешноста на работата.

Во план се инвестиции за изградба на постројки за производство на органски ѓубрива и биогас.

Друштвото воведе и примена на систем за управување со квалитет ISO 22000:2005.

Денес покрај млекарата Еко-Млек доо  постојат и EM CENTAR и EKO – FARM кои се бават со споредни дејности чија основна улога е снабдување се што е неопходно за поефикасна и полесна работа, почнувајќи од набавка на сточна храна, семенски материјал, минерални ѓубрива и останати репроматеријали кои се користат во производството до набавка на нафтени деривати, авто делови, прибор за машински постројки и услуги на сервис и одржување на истите.

Производен програм

Производниот програм на млекарата го сочинуваат следниве производи: пица сирење, каонички кашкавал, чаден каонички кашкавал, албуминско ситно сирење, путер, моцарела и шарско сирење.

 

ZIV Company - Млекара со искуство и традиција

© Сите права се задржани 2016. Веб Дизајн и обработка WEBSKI